„Сеат“ промовира мал кросовер под називот „Арона“

Од:

Групата на кросовери од сегментот Б доби нов член. Станува за моделот „Сеат Арона“, темелен на актуелната „Ибица“, кој не е последен мал кросовер зад кои стои концернот „Фолксваген“.

По неодамнешното претставување на „Хјундаи Кона“ и „Киа Стоника“, „Сеат Арона“ ја надоплнува групата на кросовери, кои се темелат на автомобилите на Б сегментот.

„Арона“ во однос на „Ибица“ е подолга за 79 и повисока за 99 милиметри, а нешто подолгите носачи на покривот на патниците им обезбедуваат повеќе место во пределот на главите. Со зголемените димензии стигна и поголем багажник, кој има зафатнина до 400 литри.

За споредба, основната зафатнина на багажникот на „Ибица“ изнесува 355 литри.

Основниот бензински мотор е во понуда со литарски турбо „трицилиндраш“, кој ќе има 95 или 115 коњски сили, комбиниран со рачен или автоматски ДСГ менувач. Со пакетот на опремата се нуди и 1,5-литарски четирицилиндричен турбо бензински мотор со 150 коњски сили. Дизел понуда се темели на групациски 1,6-литарски ТДИ мотор, кој во послабото издание располага со 95, а во посилното со 115 коњски сили.

„Сеат“ на публиката ќе и ја претстави „Арона“ на Саемот за автомобили во Франкфурт, а автомобилот набрзо потоа ќе стигне во продажните салони. Автомобилот на „Сеат“ ќе биде одговор на моделот „Кодијак“ на „Шкода“.

Од друга страна, одговорот на „Фолксваген“ на „Арона“, кој ќе биде темелен на неодамна претставениот модел „Поло“, ќе биде подготвен до крајот на идната година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Брендот SEAT е посилен од било кога

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on