Првите луѓе на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), како и челниците на националните фудбалски првенства низ Европа, по многуте апели, акции за анти-расизам и неколкуте санкционирани инциденти, превземаа и поконкретни чекори со цел да се стави крај на расните навреди упатени кон црномурестите фудбалери.
ФИФА ги казни репрезентациите на Бугарија и на Унгарија со по еден натпревар играње без публика во квалификациите за СП 2014.
Бугарските навивачи на натпревар против Данска упатувале расни навреди, а унгарските навивачи на дуелот со Романија упатувале антисемитски скандирања на натпревар со Романија.
Овие два натпревари се одиграа на 22 март минатата година во рамките на мундијалските квалификации.
Казна со еден натпревар на домашен терен без присуство на публика заработи и Про Патриа од италијанската Ц2А лига. Навивачите на овој четвртолигаш на пријателски натпревар со Милан ги навредувале темнокожите противнички фудбалери по што тие го напуштиле теренот и натпреварот беше прекинат.
Траен или привремен прекин и на натпреварите во Серија А најави претседателот на националната федерација доколку во иднина се случат вакви или слични инциденти на терените ширум Италија.