Се самоуби словачкиот хокеар Мирослав Хлинка

Од:

Словачкиот хокеар, Мирослав Хлинка, светски првак од 2002 година извршил самоубиство, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што пренесоа чешките медиуми, Хлинка животот си го одзел со бесење, а полицијата го потврди случајот без да го соопшти идентитетот на човекот.

Четириесет и двегодишниот Хлинка, кој ја има претставувано и Чешка и Словачка, учествувал на четири светски првенства, а во 2002 година во словачкиот дрес го освои светскиот шампионат.

Хлинка, во изминатиот период беше асистент на тренерот на хокеарскиот клуб на словачка Банска Бистрица.

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина