По 61. пат ќе биде одржан натпреварот „четирите скокалници“. По натпреварувањата во Енгелберг и католичкиот Божиќ, ски скокачите се селат во Оберсдорф каде ќе го започнат традиционалното натпреварување.
Скокалниците во Оберсдорф, Гармиш, Инсбрук и Бишофсхофен се подготвени за почеток на Новогодинешната турнеја која заслужено привлекува големо внимание.
Само на еден во историјата му успеал да го освои трофејот со сите четири победи, Свен Ханавалд.
До него стои и Јане Ахонен кој пет пати славеше во кариерата на новогодишната турнеја “четири скокалници“.
Бранителот на титулата е Грегор Шлиренцауер кој во претходнатаа сезона беше подобар од своите сонародници Томас Моргенштерн и Андреас Кофлер.
Распоред на натпреварувањата на новогодинешната турнеја “Четири скокалници“:
Оберсдорф
30.12.2012 16:30 ч. – финале
Гармиш-Партенкирхен
01.01.2013 – финале
Инсбрук
04.01.2013 – финале
Бишофсхофен
06.01.2013 – финале