Екипите на Савехоф и Митјилнад со вечерашниот натпревар ќе го „отворат“ 8.коло од женската ракометна Лига на шампионите. Ова е дуел од групата 2, каде во недела се игра дербито за првото место меѓу Будуќност и Ѓер. Македонскиот првак ЖРК Вардар во ова коло во вторник гостува кај Букурешт, што претставува директен натпревар за 3.место во групата.
Во групата 1 утре се игра дуелот меѓу ФТЦ и непоразената екипа сезонава во Лигата на шампионите Ростов Дон, додека во недела се играат натпреварите: Турингер – Ларвик и Флери – Баја Маре.
Табела група 1: Ростов Дон 14 бодови, ФТЦ 9, Баја Маре 6, Ларвик 6, Флери 6, Турингер 1.
Табела група 2: Будуќност 11, Ѓер 11, ЖРК Вардар 8, Букурешт 7, Митјиланд 5, Савехоф 0.