Сара Ристовска номинирана за најдобро младо светско десно крило

Од:

Ракометарката на Вардар Сара Ристовска се најде во изборот за најдобро десно крило во светот меѓу младите ракометарки, во изборот на познатиот ракометен портал www.handball-planet.com.

Порталот ќе ја избере најдобрата постава на млади ракометарки кои сезонава настапуваа за своите екипи. Во изборот има 28 ракометарки кои се родени 1995 или помлади.

На позицијата десно крило каде е номинирана македонската репрезентативка и членка на Вардар, се и Викторија Лукач (ФТЦ Будимпешта, Унгарија), Ема Екенман (Савехоф, Шведска) и Малин Ауне (Опсал, Норвешка).

Ристовска сезонава ја освои двојната круна во првенството на Македонија, титулата во Регионалната ВРХЛ лига и стана вицешампион во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Македонија ги мина квалификациите и се пласираше во баражот за СП 2017.

Гласањето е отворено до 31 мај.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска