Санчо на чекор да стане еден од „Црвените ѓаволи“

Од:

Англискиот прволигаш Манчестер јунајтед е сè поблиску ова лето конечно да го доведе во своите редови крилниот напаѓач на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Британските медиуми јавуваат денеска дека Јунајтед ги договорил сите детали со 21-годишниот напаѓач, но оти сè уште се чека да испрати формална понуда до германскиот клуб.

Манчестер Јунајтед долго се обидуваше минатото лето да се засили со Санчо, но крајот се откажа да плати обесштетување од 120 милиони евра.

Борусија Дортмунд сега е подготвена да му дозволи на англискиот репрезентативец да го напушти клубот за сума од 90 милиони евра, а Јунајтед се надева дека би можел дополнително да ја спушти бараната цена.

Санчо го облече дресот на Борусија во летото 2017 година, преминувајќи од младинскиот состав на Манчестер сити за осум милиони евра. Неговиот договор со бундеслигашот истекува во јули 2023 година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Јунајтед и Арсенал ремизираа на Олд Трафорд во Премиер лигата

Рубен Аморим зажале што седна на клупата на Манчестер Јунајтед?

А1он

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027