Сан Антонио прв до 40-та сезонска победа во НБА лигата

Од:

Кошаркарите на Сан Антонио се првата екипа сезонава која ја постигна 40.та победа. На синоќешното гостување тие убедливо го совладаа Бруклин.

Шампионот Мајами дури во финишот на натпреварот го скрши отпорот на Лос Анџелес Лејкерс. Предводници на победата беа Леброн Џејмс со 32 поена и Двејн Вејд со 30.

Со победата остварена по три продолженија Бостон ја продолжи својата серија победи (7-0), а ја прекина на Денвер (9-0).

Резултати на синоќешните натпревари во НБа лигата: Њујорк – Лос Анџелес Клиперс 88:102, Мајами – Лос Анџелес Лејкерс 107:97, Бостон – Денвер 118:114 (три продолженија), Торонто – Њу Орлеанс 102:89, Орландо – Портланд 110:104, Мемфис – Минесота 105:88, Бруклин – Сан Антонио 86:111, Феникс – Оклахома Сити 69:97 и Сакраменто – Хјустон 117:111.

Вечерва се играат натпреварите: Филаделфија – Лос Анџелес Клиперс, Шарлот – Бостон, Кливленд – Минесота, Индијана – Бруклин, Детроит – Њу Орлеанс, Чикаго – Сан Антонио, Милвоки – Вашингтон и Далас – Атланта.

Пласман Источна конференција: Мајами 34-14 (победи-порази), Њујорк 32-17, Индијана 31-20, Чикаго 30-20, Бруклин 29-22,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 40-12, Оклахома Сити 39-12, Л.А.Клиперс 36-17, Мемфис 32-18, Денвер 33-18,…

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ