Сан Антонио доживеа ново понижување во НБА

Од:

Кошаркарите на Хјустон се вратија на победничкиот пат на најдобар можен начин, откако го поразија Сан Антонио како гости со 136:105 и ја сопреа серијата од 4 последователни порази.

Во исто време, Спарс забележаа втор голем пораз, откако беа декласирани од Минесота во својот претходен натпревар. Така тие имаат рамнотежа од 10-12 и имаат две победи под 50 отсто учинок за прв пат од 2009 година, кога имаа 4-6.

– Очигледно во напад работите не ни одат и јас сум во голема мера одговорен за тоа. Во одбрана меѓутоа исто така треба да носиме подобри решенија и генерално ни претстои доста работа, рече тренерот Грег Попович, чиј тим за 4-ти пат во сезоната прима барем 135 поени. За претходните 22 кампањи во кои Поповиќ го водеше тимот, тоа се случи само двапати.

„Ракетите“ поведоа со 39:23 по првата четвртина, а на паузата водеа со 70:47, додека по третата четвртина резултатот гласеше 110:74 и веќе се беше јасно. Гостите постигнаа 22 тројки, од кои 7 беа на Ерик Гордон. Џејмс Харден постигна 23 поени и 10 асистенции, а Крис Пол се врати со 14 и 10 поени, откако ги пропушти претходните 3 натпревари за неговиот тим.

Останатите резултати во НБА:

Филаделфија – Вашингтон 123:98
Бостон – Кливленд 128:95
Детроит – Чикаго 107:88
Мајами – Њу Орлеанс 106:101
Шарлот – Јута 111:119
Бруклин – Мемфис 125:131 (две продолженија)
Оклахома Сити – Атланта 124:109
Портланд – Денвер 112:113
Феникс – Орландо 85:99
Л.А. Лејкерс – Далас 114:103.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот