„Самсунг“ го купува „Харман“ за сума од осум милијарди долари

Од:

Јужнокорејскиот гигант „Самсунг Електроникс“ соопшти дека го купува американскиот производител „Харман Интернешанл Индастрис“.

Сумата што ќе ја плати „Самсунг“ е осум милијарди долари.

Потегот е обид на „Самсунг“ за влез на пазарот на автомобилска технологија, каде се развива производство на „поврзани“ автомобили (Connected car).

„Самсунг“ во соопштение наведува дека тој пазар до 2025 година ќе биде вреден околу 100 милијарди долари.

Харман е лидер во „Connected car solutions“ и повеќе од 30 милиони возила се опремени со негови електронски и аудио системи. Според компаниски податоци, околу седум милијарди долари заработка на Харман (до 30 септември 2016) е од продажба на електронски системи за возила.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ