Сампдорија со импресивен број на заразени од коронавирус

Од:

Играчот од средниот ред на Сампдорија, Јакуб Јанко изјави дека најмалку 15 лица во клубот се веќе заразени со коронавирус кој се шири низ Италија и Европа.

Пред само неколку дена, петмина играчи на тимот излегоа позитивни за вирусот, при што вториот играч во Серија „А“, кој беше позитивен, беше стрелецот од Џенова, Маноло Габиадини. Јанко вели дека од тогаш бројот на заразени лица постојано се зголемува.

– Јас и целото семејство сме во карантин во нашиот стан, па затоа е жално да се ограничиме на толку мал простор. Јас бев во директен контакт со некои мои соиграчи кои се болни. Оттогаш, случаите се веќе 15 или повеќе, опиша тој.

Тој сепак изјави дека не е сигурен дали е болен со коронавирусот.

– Засега се чувствувам добро, но можеби симптомите сè уште не се активирани. Јас се обидувам да ги следам упатствата и да не размислувам за тоа, посочи фудбалерот.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Предраг Петровиќ

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ