Сампаоли останува селектор на Чиле до 2018 година

Од:

Селекторот на чилеанската фудбалска репрезентација Хорхе Сампаоли потврди дека останува на функцијата до 2018 година.

– Донесов одлука да го предводам Чиле на натпреварите од Купот на Америка и во квалификациите за Светското првенство 2018 година и секако на шампионатот ако се пласираме, изјави аргентинскиот стручњак.

Под водство на Сампаоли, Чиле на неодамна завршениот Мундијал во Бразил прикажа одлични партии. Ја помина групата во конкуренција на Шпанија, Холандија и Австралија, а во осминафиналето го намачи домаќинот Бразил кој беше поуспешен дури по изведувањето пенали.

Токму добрите игри на шампионатот беа препорака Чилеанскиот фудбалски сојуз подолго да го задржи 54-годишниот Сампаоли на кого идната година му истекуваше договорот.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски