Само Ростов со максимални шест победи во првата групна фаза од ЛШ

Од:

Во женската ракометна Лига на шампиони викендот се играат натпреварите од 6. коло по кое само Ростов Дон освои максимални 12 бодови.

Од првата групна фаза останува да се одигра одложениот дуел поради терористичкиот напад во Париз меѓу Флери и Турнигер.

Резултати од последното 6.коло:

Група А: Крим – Ростов Дон 31:36 и Ларвик – Баја Маре 27:22.
Табела:  Ростов Дон 12 бода, Ларвик 8, Баја Маре 4 и Крим 0.

Група Б: Турингер – Подравка 29:19 и Ференцварош – Флери 36:23.
Табела: ФТЦ 11, Флери 5, Турингер 5,  Подравка 1.

Група Ц: ЖРК Вардар – Хипо 37:25, Митјиланд – Ѓер 22:22.
Табела: Ѓер 9, ЖРК Вардар 8, Митјиланд 7, Хипо 0.

Група Д: Будуќност – Лубин 29:25 и Букурешт – Савенхоф 27:22.
Табела: Будуќност 11, Букурешт 9, Савенхоф  4 и Лубин 0.

Македонскиот првак ЖРК Вардар во следната фаза ќе биде во втората група, заедно со Ѓер, Митјиланд, Будуќност, Букурешт и Савехоф. Според меѓусебните дуели и резултатите кои се пренесуваат табелата го има следниот изглед: Будуќност 7 бодови, Ѓер 5, Букурешт 5, ЖРК Вардар 4, Митлијанд 3, Савехоф 0.

Во групата 1 ќе играат: Ростов Дон, ФТЦ, Ларвик, Флери, Турингер и Баја Маре.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска