Репрезентацијата на Норвешка е единствената селекција која на Европското првенство во ракомет за жени има максимален учинок. Норвешка синоќа во првото коло од групата 2 ја победи Данска со 22:20.
На другите два дуела од оваа група: Русија ја совлада Чешка со 26:24, а Романија беше подобра од Унгарија со 29:21.
На чело на табелата е Норвешка со 6 бодови, Романија и Данска имаат по 4, Чешка и Русија имаат по 2, а Унгарија е последна без бод.
Денеска се играат дуелите од 2.коло од групата 1:
Шпанија – Германија (почеток 16:15 часот),
Србија – Холандија (почеток 18:30 часот) и
Шведска – Германија (почеток 20:45 часот).