На ноќеска одиграните натпревари во НБА лигата само екипата на Феникс се радуваше пред своите навивачи совладувајќи го Денвер.
Натпреварот на вечерта го одиграа Торонто и Јута, кои мораа дури по три продолженија да го решат победникот, а во трите продолженија резултатот беше 36:29 за Јута.
Победа оствари и првакот Мајами пред се благодарение на извонредниот Леброн Џејмс, кој постигна 38 поени.
Постигнати резултати на синоќа одиграните натпревари во НБА лигата: Торонто – Јута 133:140 (по три продолженија), Филаделфија – Милвоки 96:105, Детроит – Оклахома Сити 90:92, Чикаго – Бостон 95:101, Хјустон – Мајами 110:113, Далас – Минесота 82:90, Феникс – Денвер 110:100 и Портланд – Атланта 87:95.
Вечерва се играат шест натпревари: Шарлот – Вашингтон, Орландо – Њујорк, Индијана – Торонто, Бруклин – Кливленд, Сакраменто – Портланд и Лос Анџелес Лејкерс – Сан Антонио.