Салерно прв противник на ЖРК Вардар во квалификациите од ЛШ

Од:

Италијанската екипа Салерно ќе биде првиот противник на македонскиот женски ракометен првак Вардар СЦ Борис Трајковски, во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во второто полуфинале од четвртата квалификациска група ќе играат Ростов-Дон (Русија) и Флери Луар (Франција).

Победниците од полуфиналналето ќе играат меѓусебе за пласман во Лигата на шампионите.

Квалификациските натпревари ќе се одржат на 14 и 15 септември.

Италијанскиот првак за кој до лани настапуваше нашиот плејмејкер Билјана Црвенковска беше жребуван од третиот барабан и според правилата на ЕХФ прв има право на избор да биде домаќин на групата.

Состав на другите три групи во квалификациите за ЛШ:

Група 1: Бјасен Трондхајм, Лајпциг, Минск, Тертнес Берген.
Група 2: ФТЦ, Ерди, Цуг, Локомотива Загреб.
Група 3: Баја Маре, Твис Холстебро, победникот од дуелот Далфесен-Муратпаша.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска