Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах денеска изјави дека сака да го освои Купот на африканските нации со селекцијата на Египет, пренесуваат британските медиуми.
Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска. Египет ќе игра во групата Б со Гана, Мозамбик и Зеленортските Острови.
„Сакам да победам во тој натпревар. Сакам да играм за мојата земја. Имаме фантастични фудбалери“, изјави Салах, пренесува Танјуг.
Синоќа играше за Ливерпул во победата против Њукасл (4:2) во 20. коло од Премиер лигата. Египетскиот напаѓач постигна два гола за својот тим против Њукасл.
„Многу веруваме во себе. Имаме исклучително талентирани фудбалери. Потребно е само добро да работат и сигурен сум дека можеме многу“, изјави Салах, кој најави дека наскоро ќе и се приклучи на египетската репрезентација во подготовките за Купот на африканските нации.
Салах за репрезентацијата на Египет одигра 95 натпревари и постигна 55 голови.