Сакраменто подобар од Оклахома на домашен терен, Дончиќ го предводеше Далас до победата

Од:

Кошаркарите на Сакраменто во НБА натпреварот славеа на домашен терен против тимот на Оклахома со резултат 105:98.

Најдобар кај Сакраменто беше Кевин Хуертер со 28 поени, девет скока и две асистенции, додека Киган Мареј додаде 24 поени.

Во тимот на Оклахома се истакна Шаи Гилјус-Александер со 33 поени, седум скока и шест асистенции.

Кошаркарите на Далас на домашен терен го победија Лос Анџелес Клиперс со резултат 144:126.

Тимот од Тексас до победата го предводеше Лука Дончиќ со 44 поени, шест скока и шест асистенции, додека Кајри Ирвинг додаде 27 поени, шест скока и три асистенции.

Поранешниот кошаркар на Партизан, Данте Ексум постигна осум поени, со два скока и шест асистенции.

Во тимот од Калифорнија се истакна Кави Ленард со 26 поени, три скока и четири асистенции.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Филаделфија – Детроит 114:106, Шарлот – Вашингтон 124:117, Бостон – Бруклин 121:107, Хјустон – Њу Орлеанс 104:101, Јута – Мемфис 127:121, Минесота – Сан Антонио 117: 110 и Лос Анџелес Лејкерс – Феникс 122-119.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа