Саинц победи во Сингапур

Од:

Возачот на Ферари, Карлос Саинц успеа да ја запре одличната серија на Ред Бул во трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1 и да ја постигне првата победа за својот тим по Австрија минатата година кога славеше Шарл Леклер.

Шпанецот славеше пред Ландо Норис и третопласираниот клубски колега Шарл Леклер.

Ова е втора победа за Саинс во кариерата, а првата ја оствари претходната година на Големата награда на Велика Британија.

Инаку, пред Сингапур, Ред Бул врза 15 победи во низа, па нема да успее да одземе победа од сите трки во овогодинешниот календар на Формула 1, што навистина би било своевиден подвиг.

Би можело да ве интересира

Пијастри ја покори Кина

Ландо Норис победи на трката од Формула 1 во Австралија

А1он

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез