Сагадин бара агресивна игра и поддршка од публиката

Од:

Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром во рамките од второто коло на АБА лигата го пречекуваат Задар против кого ќе ја бркаат првата сезонска победа. Тренерот Змаго Сагадин истакнува дека со агресивна игра во текот на целиот натпревар, како и со помош на верните навивачи, неговиот тим може да ја оствари целта.

– Нашиот прв противник на домашен терен во оваа сезона доаѓа од градот на кошарката, Задар. Тие составија добар тим кој е спој на младост и искуството, кои со победата во првото коло на домашен терен против Игокеа имаа успешен старт. Наша цел е да го добиеме овој меч со агресивна одбрана, добар скок и дисциплиниран напад. Секако дека не смееме да им дозволиме на нивните шутери да се движат премногу и да влезат во шутерски ритам, како и тоа да не дозволиме нивните центри да не натскокаат. Го играме својот прв натпревар во новата и преубава сала „Јане Сандански“ и посакувам да имаме огромна подршка од нашите навивачи, изјави Сагадин.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Задар се игра вечерва од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Свое деби во составот на МЗТ Скопје најверјатно ќе има и Канаѓанецот Овен Класен кој ја санира повредата која ја доби пред пет дена. 

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос