Фудбалерот на Баерн Минхен, Садио Мане, го удри со тупаница во лицето соиграчот Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Сити во вторникот на домашен терен го победи Баерн со 3:0, а инцидентот се случи во соблекувалната по натпреварот. Скај Германија денеска објави дека Мане со удар ја пресекол усната на Сане и дека морале да ги разделат соиграчите.
Мане и Сане можеа да се видат како се расправаат на крајот од мечот на „Етихад“.
По пристигнувањето во Минхен, Мане го напушти аеродромот со приватен автомобил, додека Сане продолжи со соиграчите во клупскиот автобус.
Баерн не го коментираше инцидентот.