Садио Мане: Нема да застанеме тука

Од:

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане изјави дека првата титула на тимот по 3 децении е само почеток.

Тимо од „Мерсисајд“ стигна до триумфот во првенството на седум кола пред неговиот крај, а според многумина ова ќе биде почеток на период на доминација за „црвените“.

– Мислам дека има уште еден чекор за сите нас поврзани со она што сакаме да го постигнеме. Како фудбалер секогаш треба да бидете гладни за успех. Имаме одличен тим и персонал, клубот е неверојатен. Имаме одлични работи што треба да ги постигнеме и нема да застанеме тука. Само треба да веруваме во себе, да продолжиме да работиме и да бидеме скромни, рече Мане.

Дваесет и осум годишниот напаѓач направи уште една многу силна сезона, постигнувајќи 19 голови и 12 асистенции. Тој не криеше дека Јирген Клоп играл голема улога во неговиот развој.

– Тој е одличен менаџер. Имам среќа да работам со него затоа што како играч и како личност се развив под негово водство. Можете да видите како играчите се развиваат во овој тим и сè доаѓа од него, посочи Сенегалецот,

Ако продолжи да победува, Ливерпул би можел да го сруши рекордот на Манчестер Сити за поени во една сезона. Двете екипи се соочуваат во четврток.

– Не мора да застануваме и нема да застанеме откако станавме шампиони. Фудбалските рекорди треба да се подобрат. Сакаме да постигнеме нешто посебно. Тоа ќе биде навистина добар натпревар и нема да има изговори. Мора да сториме сè што е во наша моќ да победиме. Имаме седум натпревари и ќе се обидеме да победиме на сите, рече Садио

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ