До неодамна ретко кој надвор од кругот на луѓето од автомобилската индустрија знаеше за јапонската фирма „Таката“, која со воздушни перничиња ги снабдува најголемите светски производители на автомобили. А тогаш одеднаш изби аферата со неисправни перничиња што во меѓувреме доби несфатливо големи размери.
Бројот на повлечени автомобили од пазарот во САД се чини ќе биде значително поголем отколку што на почетокот се мислеше. Имено, американското регулаторно тело за безбедност во сообраќајот размислува дали да нареди отповикување на уште 70-90 милиони возила.
Досега во оваа земја на вонреден технички сервис, заради потенцијално опасните воздушни перничиња од фирмата „ Таката“, се повикани над 20 милиони сопственици на спорни автомобили. Воздушните перничиња на „Таката“, што соддржат хемикалија амониум нитрат, при надувување може да експлодираат, истрелувајќи метални делчиња во внетрешноста на автомобилот. Како што наведуваат американските медиуми, овој технички проблем најмалку 11 лица во светот ги чинел живот, додека барем 139 биле повредени.
Двајца поранешни раководители на „Таката“ изјавија дека компонентите што се произведуваат во американска фабрика на оваа компанија се со толку лош квалитет што без детален преглед не ме можно да се одреди кое перниче е потенцијално опасно, а кое не е.
Доколку „Таката“ биде принудена да изврши поправка или замена на перничињата на новите десетици милиони автомобили, тоа компанијата би можело да ја чини неколку милијарди долари, а отповикувањето би можело да трае со години.