САД ја победија Аргентина во подготвителен дуел за Олимписките игри

Од:

Кошаркарската репрезентација на САД која важи за најголем фаворит за освојување на златото на Олимписките игри, синоќа во пријателски натпревар ја победи Аргентина со 86:80. Резултатот по четвртини беше: 31:16; 16:24; 25:21 и 14:19.

Најефикасен играч во победничката репрезентација, а воедно и на натпреварот беше Кевин Дјурант со 27 постигнати поени. Двоцифрен број поени кај Американците постигнаа уште Коби Брајант 18, Леброн Џејмс 15 и Расел Вестбрук 13 поени.

Кај Аргентинците Емануел Џинобиле беше најефикасен со 23 поени, Карлос Делфино постигна 15, а Луис Скола 14.

Подготвителниот натпревар за настап на Олимпијадата, одигран во арената „Сент Жорди“ во Барселона го следеа околу 11 илјади гледачи.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он