САД ја истражуваат улогата на банките во корупцискиот скандал во ФИФА

Од:

Американските правосудни органи отворија истрага против неколку големи светски банки, во врска со корупцискиот скандал што ја потресе Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Како што пренесува Танјуг, под истрага заради овозможување илегални уплати, меѓу остантите, се Кредит Свис банк, Дојче банк, ХСБЦ и Делта национална банка со седиште во Њујорк.

ФИФА се наоѓа под истрага на американските и швајцарските правосудни органи, откако кон крајот на мај во хотел во Цирих, во полициска рација беа уапсени седум нивни високи функционери, обвинети за корупција.

Американските власти обвинија 14 лица за учество во корупција „тешка“ 150 милиони долари.

Швајцарските власти,пак, водат паралелна истрага во врска со доделувањето на организацијата на Мундијалот во 2018 и во 2022 година на Русија и Катар, за кои се сомневаат дека се поткупени.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи