Тренерот на Веспрем, Хавиер Сабате ја призна немоќта на неговиот тим да му се спротистави на Вардар во натпреварот од СЕХА Газпром лигата, што заврши со победа на македонскиот шампион од 29:22.
– Ракометарите на Вардар одиграа многу добро. Тие и лани беа на еден чекор до Ф4, но како се одвиваат работите сезонава исто така се меѓу фаворитите за Ф4, и за во СЕХА лигата исто. Играа добро во одбрана, агресивно. Имаа многу топки што завршија кај нив, и во контра напади. Ние игравме многу бавно, или можеби, бидејќи Вардар играше добро во одбрана. Во второто полувреме одигравме подобро во одбрана, а во првото Карачиќ и Циндриќ не можевме да ги сопреме. Милиќ исто така беше фантастичен, бидејќи и во контра ги бранеше топките. Кога беше најпотребно бранеше добро. Сакавме, но не можевме. Ние мора да работиме многу подобро, и да покажеме колку напорно работиме. Им верувам 200 проценти на играчите. Мора да научат од овој натпревар, истакна Сабате на прес-конференцијата по натпреварот.
Задоволство од резултатот и од играта имаше кај Раул Гонзалес, тренерот на „црвено-црните“.
– Секогаш кога се игра против Веспрем, имаме добра мотивација, зашто за мене се најдобриот тим во свет, и многу ги почитуваме. Одигравме добро на овој меч, бидејќи имавме мотивација. После мечот со Металург имавме добра шанса да покажеме дека можеме да играме подобро. Милиќ одбрани многу, и имавме добар контра напад, рече шпанскиот стратег.
Вардар во следното коло од СЕХА лигата во вторник е домаќин на Загреб.