Руската национална телевизија која вршеше пренос од Свеченото отворање на Игрите во Сочи синоќа вешто успеа да го надмине проблемот на организаторот кога не се запали петтиот прстен кој ги означуваше Олимписките кругови.
ТВ „Росија 1“ во моментот кога петтата снегулка не се претвори во петти круг на своите гледачи им ја пушти снимката од генералната проба на церемонијата каде се е во ред.
Продуцентот на гламурозниот проект „Свечено отворање“ Наталија Васиљева изјави дека таквиот потег е логичен поради тоа што било важно да се запази сликата за Олимписките симболи.
На синоќешното отворање, кое по оценка на целокупната светска јавност беше спектакуларно, сепак не беше се совршено, а како технички проблем се посочи петтиот круг, пишуваа медиумите низ целиот свет.