Можно е продажбата на нови патнички автомобили во Русија во 2015 година да биде помала за една третина, во споредба со претходната година во која, исто така, беше забележан двоцифрен пад во продажбата, прогнозира компанијата „ПрајсвотерхаусКуперс“ (PricewaterhouseCoopers – PwC).
Сергеј Литвињенко, еден од менаџерите на PwC, изјави дека е предвидено во 2015 година да се продадат меѓу 1,72 милиона автомобили (што е главната прогноза за пад од 35 отсто на годишно ниво) и 1,75 милиона возила (пад од 25 отсто или оптимистичката прогноза).
Според истиот извор, продажбата на патнички автомобили на руските брендови во 2015 година ќе изнесува од 370.000 автомобили (пад од 10 отсто, главно сценарио) до 430.000 возила (раст од пет отсто, оптимистичко сценарио).
Продажбата на странски автобрендови во фабриките што се наоѓаат во Русија може да биде од 860.000 (пад од 33 отсто, основно сценарио) до 980.000 парчиња (пад од 23 отсто, оптимистичка прогноза).
Увозот на странски нови автомобили, спроред проценките кои ги изнесе PwC, може да биде меѓу 290.000 (пад од 55 отсто, основна прогноза) и 340.000 (пад од 48 отсто, оптимистичко сценарио).
Како клучни фактори кои влијаат на развојот на автомобилскиот пазар во Русија, PwC ја наведува геополитичката ситуација, цената на нафтата, курсот на рубљата во однос на другите валути, ситуацијата на пазарот на кредити за автомобили, како и државната поддршка на пазарот.
Според мислењето на PwC, очекиваниот пад во продажбата може да доведе до заминување од рускиот пазар на низа брендови. Во зоната на најголем ризик се производителите со релативно мал обем на продажба во Русија.
Во нешто поповолна положба се производителите кои имаат висок ниво на локализација на производството во Русија и секако, руските производители.
Во 2014 година во Русија беа продадени 2,34 милиони патнички автомобили, 11 отсто помалку од 2013 година, објави аналтичката агенција Автостат.