Русија повторно на удар на ВАДА

Од:

Четворица руски натпреварувачи во боб-санкање беа дисквалификувани за две години – до декември 2020 година, поради нарушување на антидопинг правилата за време на Олимпијадата во Сочи во 2014 година.

Меѓу четворицата е и претседателот на Руската Федерација во боб-санкање, Александар Зубков, кој го носеше знамето на Русија за време на церемонијата на отворањето на Игрите. Зубков освои две златни медали во Сочи, но тие му беа одземени поради допинг.

Останатите тројца санкционирани спортисти се Александар Касјанов, Алексеј Пушкарев и Илвир Хузин.

Казната е наметната од страна на Меѓународната федерација во боб-санкање.

Четворицата имаат право да ја оспорат санкцијата пред Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот