Русија нов европски шампион во одбојка

Од:

Руската одбојкарска репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство во Полска, откако синоќа во Краков, во финалето ја совлада Германија со 3-2.

Во меч кој траеше повеќе од два и пол часа, Русија два пати водеше, Германците изедначуваа, но не успеаја да го освојат решавачкиот петти сет (25:19, 20:25, 25:22, 17:25 и 15:13).

Најефикасен во победничкиот состав беше Максим Михајлов со 15 поени, кај германскиот национален тим се истакна Георг Гроцер со 23 освоени поени.

За Русија ова беше вкупно 14. трофеј од евро-шампионатите и втор од распадот на СССР.

Германија пропушти шанса за прв пат во својата историја да се икачи на европскиот одбојкарски трон.

Бронзениот медал на Европското првенство и припадна на репрезентацијата на Србија која во „малото“ финале ја победи Белгија со 3-2.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ