Русија ќе ги укине визите додека трае Европското фудбалско првенство

Од:

Русија ќе им дозволи на странските навивачи кои ќе купат влезници за натпреварите во Санкт Петерсбург, во рамки на Европското првенство во фудбал, да влезат во земјата без неопходната виза, соопшти денеска локалниот организациски одбор.

Русија воведе рестрикции за влез на странци во земјата поради пандемијата на Ковид-19 и нејзините граници се отворени само за жители од земјите со кои има воспоставено директни меѓународни летови.

– Во сегашните услови кога движењето на луѓето е многу ограничено, ние наидовме на разбирање од федералните власти и можеме да ги отвориме границите за оние, кои доаѓаат во Санкт Петерсбург на фудбалските празници ова лето, изјави директорот на локалниот организациски одбор Алексеј Сорокин.

Тој додаде дека и официјалните лица на завршниот турнир, и самите учесници ќе мораат да ги почитуваат безбедносните правила и да имаат негативен тест на Ковид-19.

Санкт Петерсбург ќе биде домаќин на седум натпревари од групата Б (Русија, Данска, Финска, Белгија) и на еден четвртфинален дуел, а стадионот ќе биде исполнет до 50 отсто од капацитетот.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот