На Европското одбојкарско првенство за мажи што се одржува во Краков, Полска, денеска на програмата се натпревари за медали.
Селекциите на Русија и Германија ќе се борат за златниот медал. Русите до финалето стигнаа со убеливата победа во полуфиналниот меч против Белгија со 3:0 (по сетови 25-14, 25-17, 25-17)
Нивните противници Германците одиграа трилер меч против Сирбија кој го добија со 3:2 иако губеа со 2:0 во сетови (26-24, 25-14, 18-25, 25-27, 13-15).
За Русите вечерашното финале ќе биде вкупно 17-то, додека Германците за прв пат ќе се закитат со медал од Европските шампионати, а дали тоа ќе биде злато останува да се види по финалниот меч кој ќе се игра од 20:30 часот.
Во дуелот за бронзата од 17:30 часот ќе се борат одбојкарите на Србија и Белгија.