Холгер Руне го освои своето прво четвртфинале на Грен слем на Ролан Гарос.
Младиот дански тенисер, 40. на АТП листата, го победи минатогодишниот финалист и четврти носител, Гркот Стефанос Циципас со 7:5, 3:6, 6:3, 6:4.
Мечот траеше точно три часа и Руне уште еднаш покажа дека е во одлична форма.
?? Historic Holger ??
19-year-old @holgerrune2003 becomes the first Danish man to reach the quarter-finals in tournament history stunning Tsitsipas 7-5, 3-6, 6-3, 6-4#RolandGarros pic.twitter.com/Z9Oo3TkhAn
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 30, 2022
Не треба да се заборави дека тој го освои дебито на АТП оваа пролет, на земјена подлога во Минхен и со тоа покажа дека мора да го сфатат сериозно.
Негов противник во четвртфиналето ќе биде осмиот носител, Норвежанецот Каспер Руд, кој беше подобар од Хуберт Хуркач со 6:2, 6:3, 3:6, 6:3.