Румениге: УЕФА лошо ја заврши работата и затоа е укинувањето на суспензијата на Манчестер сити

Од:

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге не се сложува со укинувањето на суспензијата на Манчестер сити на европската сцена.

Претходно, „граѓаните“ беа суспендирани на две години и беа казнети со парична казна од 30 милиони евра за прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП).

Сепак, Судот за арбитража во спортот (КАС) делумно ја прифати жалбата на англискиот клуб и ја откажа суспензијата, а исто така ја намали казната на 10 милиони.

– Мислам дека донесената конечната одлука на КАС е резултат на лошо завршената работа на УЕФА. Тоа го слушнав од многумина. Сепак, им честитам на моите колеги од Манчестер сити. Мило за мојот пријател Гвардиола. Знам што значи учество во Лигата на шампионите за него, изјави Румениге.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри