Руди Фернандез: Претстојните две сезони ќе бидат последни во мојата кариера

Од:

Кошаркарот на Реал Мадрид, Руди Фернандез призна дека размислува да ја заврши кариерата по истекот на договорот во 2022 година.

– Имам 35 години и неодамна потпишав двегодишно продолжување на договорот. Кога ќе истече, ќе имам 37. Следните две сезони ќе ги поминам со идеја дека тие се последни во мојата кариера.

Се приближувам до овој момент кога ќе завршам, но се чувствувам добро. Задоволен од тимот и од мојата улога. Кога ќе разберам дека не можам да ја дадам најдобрата игра, ќе им го препуштам местото на помладите, изјави Фернандез.

Покрај за Реал, Фернандез во својата кариера играше и за Хувентуд, Портланд и Денвер.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос