Германецот Нико Розберг, возач на Мерцедес е победник на трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако.
Тој денеска најдобро се снајде низ улиците на Монте Карло и ја оствари својата втора победа сезонава. Воедно, Розберг стана првиот возач што успеал две години по ред да триумфира во Монте Карло, по Фернандо Алонсо во 2006 и во 2007 година.
Како втор целната рамнина ја мина неговиот клупски колега Луис Хамилтон, а место на пиедесталот имаше и за Рикардо, возачот на Ред Бул.
Во Генералниот поредок сега водечки е Розберг со 122 бодови, пред Хамилтон кој има 4 помалку.
Следната трка во Формула 1 првенството ќе се вози на 8 јуни на патеката Жил Вилнев за големата награда на Канада.