Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја оствари третата победа по ред и шеста оваа сезона во Шампионатот во Формула 1, откако денеска беше најбрз во Абу Даби, на патеката „Јас Марина“.
Сепак и покрај победата Розберг во Генералниот пласман завшри на второто место, зад шампионот Луис Хамилтон кој одамна ја обезбеди титулата.
Токму Хамилтон денеска беше втор зад клупскиот колега Луис Хамилтон со осум секунди заостанување.
Третото место му припадна на Кими Раиконен од Ферари, а четвртото e за поранешниот светски првак Себастијан Фетел (Ферари).
Бодови на трката во Емиратите освоија и: Серхио Перез (Форс Индија), Даниел Рикиардо (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Фелипе Маса (Вилијамс), Роман Грожан (Лотус) и Данил Квајт (Ред Бул).
Ова беше последна трка оваа сезона.