Розберг најбрз на „Ред Бул Ринг“

Од:

Возачот на Мерцедес Нико Розберг победи на осмата сезонска трка во Шампионатот во Формула 1 возена на „Ред Бул Ринг“ за Големата награда на Австрија. Времето на победникот беше еден час 27 минути и 54.97 секунди.

Клупскиот колега на Розберг, Луис Хамилтон со заостанување од 1.93 секунди целта ја мина втор за уште една, шеста сезонава еден-два победа за Мерцедес.

За прв пат во кариерата место на подиумот обезбеди третопласираниот на денешната трка Валтери Ботас од тимот на Вилијамс. Тој зад победникот доцнеше 8.17 секунди.

Од четвртото до 10.место се пласираа: Фелипе Маса, Фернандо Алонсо, Серхио Перес, Кевин Магнусен, Даниел Рикардо, Ник Хулкенберг и Кими Раиконен.

Во Генералниот пласман води Розберг со 165бодови, пред Хамилтон со 136.

Кај конструкторите Мерцедес е лидер со 301 бод, втор е Ред Бул со 143.

Ф1 шампионатот продолжува на 6 јули кога ќе се вози трката за Големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес