Возачот на Мерцедес Нико Розберг доби специјално изработена заштитна кацига за трката овој викенд во Хофенхајм. Дизајнерите му изработија Кацига со омаж на новиот светски фудбалски првак.
Овој чин е продолжување на еуфоријата што ја зафати Германија по освојувањето на шампионскиот трофеј на неодамна завршениот Мундијал во Бразил.
Како што е наведено во германските медиуми, кацигата по завршувањето на трката ќе оди на аукција, а приходот од продажбата ќе биде наменет во добротворни цели.
Претходно дел од германските фудбалери носеа копачки со натпи „Продолжи да се бориш Михаел“ алудирајќи на Шумахер.