Росана Кироска заврши на 68. место на 10 километри

Од:

Македонската репрезентативка Росана Кироска го освои 68.место на Светското првенство во нордиски дисциплини што се одржува во Фалун, Шведска.

Таа патеката од 10 километри ја истрча за 33:08.4 минути и само две натпреварувачи имаа послаб резултат, а една не ја заврши трката.

Кироска претходно во квалификационата трка го освои осмото место и избори можност да настапи на денешната трка.

Инаку, светска шампионката стана Шарлот Кала од Шведска, која имаше време од 25:08.8 минути. Сребрениот медал и припадна на Џесика Дигинс од САД, која имаше заостанување од 41 секунда зад победничката, а бронзата и припадна на нејзината сонародничка Американката Кеитлин Грег.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ