Рос Браун гледа надеж за Шумахер

Од:

Еден од најблиските пријатели на Михаел Шумахер верува дека се уште постои надеж дека легендарниот пилот ќе закрепне. Рос Браун е познат како генијот, кој стои зад доминацијата на седумкратниот светски шампион во Ферари, и тие брзо станаа добри пријатели.

Пред „Радио Би-Би-Си“, Браун инспирираше надеж за навивачите, велејќи дека семејството на Шумахер очекува скорешен напредок во неговото закрепнување.

– Сите сме оптимисти дека решенија ќе се најдат во иднина. Ќе дојде време кога работите за Михаел ќе се придвижат напред. Тие се неверојатно семејство, многу балансирано, многу посветени на своите цели и во исто време го поддржуваат Михаел, изјави поранешниот шеф на Ферари и Мерцедес.

Би можело да ве интересира

Пијастри ја покори Кина

Ландо Норис победи на трката од Формула 1 во Австралија

А1он

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез