Плејмејкерот на Бостон Селтикс, Ражон Рондо ги оперираше лигаментите на десното колено, соопшти Дени Аинге.
По многуте консултации Рондо е опериран од страна на доктор Џејмс Ендрјуз, кој предходно имаше успешни интервенции на многу познати спортисти. Ендрјуз во 2011 година го оперираше бекот на Минесота Викингс, Адријан Петерсон, кој успешно се врати на теренот и минатата година го доби МВП признанието.
Рондо пред повредата ја играше својата најдобра сезона. На 38 одиграни натпревари во просек постигнуваше по 13,7 поени и имаше 11,1 асистенции, за нешто повеќе од 37 минути поминати на паркетот.