Поранешниот најдобар фудбалер во светот, Бразилецот Роналдо, реши да се запише на факултет и да се усоврши во сферата на маркетингот.
Вистинскиот Роналдо се пензионираше во 2011. година, а во меѓувреме работеше како амбасадор на Коринтијанс, клуб во кој ја заврши кариерата.
Како што соопшти неговиот портпарол, тој ќе мине две години во Англија, каде се запиша на студии по маркетинг.
“Тој одлучи да замине во Англија, каде ќе добие совети и упатства од Сер Мартин Сорел, кој е на чело на најголемата светска маркетинг компанија”.