Роналдо се соочува со 15 месеци затвор поради даночно затајување

Од:

Најдобриот фудбалер на светот и прва ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се соочува со обвинувања на шпанскиот обвинител дека затаил данок од 14,7 милиони евра.

Тамошните медиуми јавуваат дека до крајот на јуни ќе биде почната постапка против португалскиот ас врз основа на истрагата на даночните службеници кои откриле дека од 2011-2014 Роналдо на Девствените острови ги сокрил своите приходи од продажба на правата на „имиџ“.

– Тоа не е случајно направено, го прекршил законот свесно и намерно, изјавија од канцеларијата на јавниот обвинител во Шпанија.

На Роналдо му се заканува казна затвор во траење од 15 месеци, но тој нема да ја одлежи со оглед на шпанските закони кои дозволуваат ако казната е до две години да се издржува условно на слобода.

Пред одреден период проблеми со законот поради затајување данок имаа и Лионел Меси, Нејмар, Алексис Санчез и други фудбалери кои настапуваат во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Роналдо Назарио да Лима – кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил

А1он

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ