Околу 200 навивачи на Манчестер Јунајтед го пречекаа Кристијано Роналдо со транспарент на кој беше напишано „Добредојде дома“. Роналдо заедно со експедицијата на Реал Мадрид синоќа слетаа во Манчестер каде утре против Јунајтед треба да го одиграат реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Некогашната ѕвезда на англискиот гигант, утревечер за првпат ќе заигра на „Олд Трафорд“ по неговото заминување од Манчестер.
Португалскиот репрезентативец со соиграчите денеска ќе одржат тренинг на главниот терен, а вечер заедно со тренерот Жозе Мурињо ќе присуствуваат на прес-конференцијата.
На првиот дуел одигран во Мадрид резултатот беше нерешен 1:1.