Роналдо останува во Јувентус, ќе игра за „Старата дама“ до крајот на договорот

Од:

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го одработи до крај договорот со клубот, информира „Ла Газета дело Спорт“.

Како што е забележано, ова е конечна одлука на 36-годишниот Португалец. Неговиот договор со Јувентус истекува на 30 јуни 2022 година.

Претходно беше објавено за интересот на ПСЖ за Португалецот. Спортскиот директор на францускиот клуб наводно разговарал за условите на договорот со агентот на португалскиот напаѓач.

За потсетување, Роналдо игра за Јувентус од 2018 година. Минатата сезона тој стана најдобар стрелец на италијанскиот шампионат, постигнувајќи 29 гола.

Покрај тоа, Роналдо стана најдобар стрелец на Европското првенство во 2020 година, и покрај раната елиминација на репрезентацијата на Португалија. Роналдо ЕВРО 2020 го заврши со пет гола (три од пенал) и една асистенција на четири натпревари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација