Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио да Лима ја повлече кандидатурата за претседател на Бразилската фудбалска конфедерација.
Роналдо ја објави својата одлука на социјалните мрежи, велејќи дека нема поддршка.
Сопственикот на шпанскиот клуб Ваљадолид се соочи со правилото дека кандидатот мора да има поддршка од најмалку четири национални асоцијации, како и четири клуба.
Наиде на, како што вели, затворена врата, со образложение дека се задоволни од актуелната администрација.
Едналдо Родригез моментално е на чело на Фудбалската конфедерација на Бразил.
Роналдо (48) кариерата ја заврши во 2011 година во Коринтијанс, а седум години подоцна стана мнозински сопственик на шпански Ваљадолид.
Во декември 2021 година инвестираше во Крузеиро, а во април минатата година ги продаде своите акции.