Роналдо му диктира на раководството на Ал Наср – бара засилување од 100 милиони евра

Од:

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (40) им предложи на челниците на Ал Наср да го ангажираат Луис Дијаз од Ливерпул, кого англискиот клуб го цени на најмалку 100 милиони евра.

Овој потег дојде веднаш по продолжувањето на договорот на Португалецот со саудискиот клуб, со цел дополнително да се зајакне тимот пред новата сезона и да се зголеми конкурентноста во борбата за трофеи.

Како што објави списанието „Спорт“, Кристијано им предложил на раководството да го доведат напаѓачот на Ливерпул и еден од најзначајните играчи на Премиер лигата.

Сепак, задачата воопшто не е лесна.

Англискиот клуб не е подготвен да се откаже од Колумбиецот, освен ако на адресата на „Црвените“ не стигне понуда од најмалку 100 милиони евра, што би бил најскапиот трансфер во историјата за Ал Наср.

Покрај финансискиот предизвик, саудискиот вицешампион ќе мора да се надигрува со сериозна конкуренција, меѓу заинтересираните за Дијаз е и Баерн Минхен, кој веќе некое време внимателно го следи неговиот статус во Ливерпул.

Роналдо, кој наводно имал одлучувачки збор во ангажирањето на тренерот Жорж Жезус, очигледно сака да му обезбеди на својот поранешен ривал од Ал Хилал соодветни играчи за борба на повеќе фронтови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдо стигна до 982 гола во кариерата – блиску е до магичната граница од 1.000 погодоци

А1он

Пресврт – Кристијано Роналдо веднаш се враќа во репрезентацијата

А1он

На Роналдо му се заканува суспензија до шест месеци поради напуштање на кампот на португалската репрезентација

А1он

Анкета: Португалците не го сакаат Роналдо во националниот тим!

А1он

Португалскиот селектор за Роналдо: Нема да се извинувам на никого!

А1он

„Вонредна состојба“ во Португалија – се вклучи премиерот, разговараше и со Роналдо и со селекторот

А1он