Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, ќе има прилично скромна плата за денешните услови.
Според „Газета дело Спорт“, тој ќе заработи 1.800.000 евра по сезона, со бонуси во зависност од постигнатите резултати.
Поранешниот тренер на „старата дама“, Маурисио Сари, на пример, имаше три пати поголем приход, додека Масимилијано Алегри заработуваше дури 7.500.000 евра по сезона.
На тој начин, Пирло ќе биде подобро платен од само тројца играчи на првиот тим – Демирал, Буфон и третиот голман – Пинсоља.
Звучи неверојатно дека Кристијано Роналдо (31.000.000 годишно) има плата 17 пати повисока од Пирло, а со огромен приход можат да се пофалат и Матијас де Лихт, Гонзало Игуаин, Пауло Дибала, Арон Ремзи и Адриен Рабио.