Роналдо губи 10 милиони евра поради коронавирусот

Од:

Петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо ќе изгуби околу 10 милиони евра како резултат на пандемијато од коронавирус, пренесува „Мундо Депортиво“.

Италијанските клубови ќе имаат можност привремено да ги намалат платите на своите играчи и вработени од економски причини. Според изворот, месечните надоместоци ќе се намалат за 20 до 30 отсто. Загубите за натпреварувачите ќе бидат пропорционални на висината на платата.

Ова значи дека играчите од клубовите во пониските дивизии ќе претрпат помалку финансиски проблеми. Но, оние во Серија „А“ ќе бидат најпогодени.

Роналдо зема 30 милиони евра за сезона во Јувентус и би можел да загуби околу 10 милиони евра поради технолошки вишок. Кристијано има најголема плата на Апенините. По него е неговиот тимски колега Матијас де Лихт со 8 милиони евра, а потоа следува и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку (7,5 милиони евра). Најскапо платениот тренер во Италија е Антонио Конте од Интер со 11 милиони евра. Маурицио Сари од Јуве е на второто место со 5,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски